Енеа Бастијанини дојде до спектакуларна победа на трката во Арагон во рамките на Мото ГП шампионатот.
Бастијанини во последниот круг успеа да ги мине Пеко Бањаја и прв да мине низ целта, на тој начин прекинувајќи ја триумфалната низа на Бањаја.
Во повеќе од интересна трка уште на почетокот беше елиминиран водечкиот Фабио Квартараро веќе во првиот круг на трката. Квартараро падна веќе во првиот круг во дуелот со Марк Маркез и иако се обиде да продолжи не успеа, па остана без пласман во Арагон.
Но, ниту Маркез не се прослави откако се судри со Накагами, па и Јапонецот остана без пласман. До крајот се чинеше дека Бањаја ќе ја однесе победата, но во последниот круг таа му припадна на Бастијанини. На пиедесталот како третопласиран заврши уште Алеш Еспаргаро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА