Мото ГП наскоро би можел да има нови сопственици. Управувањето со најдоброто првенство во мотоциклизам ќе го преземе Либерти Медиа, која е на врвот на Формула 1.
Мото ГП се соочува со истиот проблем како Формула 1 од пред неколку години, кога една американска корпорација ги презеде под своја закрила.
Интересот за конкуренцијата на гридот почна да опаѓа, на некои трки беа забележани и празни трибини, што секако е прва задача на Либерти Медиа која треба да ја поправи оваа работа откако ќе го презеде управувањето со ова натпреварување.
„Денешното одобрување од Европската комисија го означува исполнувањето на последниот услов за финализирање на договорот со Либерти Медиа во врска со продажбата на Мото ГП. Воодушевени сме што соработуваме со Либерти Медиа и што Кармело Еспелета ќе остане извршен директор како и досега“, изјави Дерек Ченг, претседател на Либерти Медиа.
Либерти Медиа ќе купи 94 отсто од правата од претходниот сопственик Дорна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

