Мото ГП Валенсија: Пол позиција на Вињалес, незгоден пад на Маркез

Маверик Вињалес имаше најдобро време во квалификациите за последната трка од Мото ГП шампионатот која се одржува во Валенсија. Мотоциклистот на Мовистар Јамаха имаше резултат од 1.31,312 минути.

Во израмнетите квалификации, втор резултат постигна Алекс Ринс на Сузуки, додека Андреа Довициозо од Дукати имаше трето време.

Квалификациите ги обележа падот на шампионот, Марк Маркез. Тој го повреди рамото, но по укажаната помош се врати на патеката и заврши на петтото место.

 

 

Се вчитува...