Осумкратниот светски шампион Марк Маркес речиси три години чекаше на триумф во Мото ГП шампионатот, но Шпанецот сега успеа да врзе две победи во низа откако триумфираше на денешната трка за ГН на Сан Марино и Римини. Интересно, претходната победа на Маркес во Мото ГП пред онаа минатонеделната беше токму на патеката Мизано, во октомври 2021 година.
Шпанскиот мотоциклист одлично се снајде на патеката „Мисано“, и тоа на трка што се возеше во проблематични услови поради дождот што почна да паѓа. Маркес извозе маестрално и стигна до победата пред Бањаја на второто и Бастијанини на третото место. Денешната трка ја одбележа катастрофалната грешка на лидерот во генералниот пласман, Хорхе Мартин и неговиот тим. Во моментот кога дождот се засили Мартин беше второпласиран зад Бањаја, но наместо да го следи лидерот тој реши да отиде во бокс на промена на моторот, по враќањето заостануваше повеќе од една секунда по сектор, па на крајот го освои само 15. место на денешната трка.
Ова значеше и целосно топење на предноста што Мартин ја имаше на чело во генералниот пласман, па така Шпанецот сега има само седум бода повеќе од второпласираниот Бањаја, плус 53 во однос на Маркес на третата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА