Украинскиот Мотор Запорожје стигна до многу важна победа на домашен терен над бундеслигашот Фленсбург со 31-22. Првото полувреме помина во израмнета игра, а на пауза домаќините заминаа со минимална предносто од 15-14.
Во вториот дел Украинците заиграа неверојатно во одбраната што на крајот резултираше и со сигурна победа од 31-22. Маласинскас со девет гола беше најдобар поединец кај домаќинот, додека кај гостите Јакобсен заврши со осум.
Мешков Брест стигна до изненадувачки триумф на гостувањето во Норвешка кај Елверум (32-33). Крајно незивесен натпревар кој гостите го добија буквално во последните секунди и тоа ни повеќе ни помалку туку со гол на голманот Матскевич во последната секунда. Вајлупов со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Грендал заврши со ист број погодоци.
Woooooow for a finish in Elverum!#handball #ehfcl pic.twitter.com/79CnN2IShK
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) December 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА