„Моцарт спорт“: Миротиќ потпишува за Партизан, се беше договорено за само 10 минути

Сагата околу иднината на Никола Миротиќ се ближи до својот крај откако тој конечно доби раскин на договорот со Барселона. Крилниот кошаркар по судски пат ќе ги бара парите што му ги должи каталонскиот гигант, но во меѓувреме ќе може без никаква пречка да го избере својот нов клуб. Како што тврдат српските медиуми, тоа ќе биде АБА-шампионот Партизан, кој веќе ги договорил сите детали од трансферот на поранешната НБА-ѕвезда.

„Моцарт спорт“ повикувајќи се на извори од управата на клубот тврди дека е постигнат целосен договор меѓу Миротиќ и белградските „црно-бели“. Според истиот извор, воопшто не било тешко да се најде заеднички јазик и преговорите траеле само десетина минути, доволен доказ дека овој кошаркар сака да се приклучи на проектот предводен од тренерот Жељко Обрадовиќ.

„Црно-белите“ во моментов преговараат за неколку засилувања, но ниту едно од нив на позицијата на Црногорецот со шпански пасош, за кого веруваат дека работата е завршена и го очекуваат само потписот на договорот. Во текот на вчерашниот ден се појавија шпекулации дека Панатинаикос е нов лидер во трката по Миротиќ, но челниците на Партизан воопшто не се возбудени бидејќи се убедени во постигнатиот договор што го имаат со самиот кошаркар од кого се очекува наскоро да дојде во Белград на официјален потпис со клубот.

Се вчитува...