Moзамбик го изненади Габон и направи голем чекор кон нокаут фазата на АФКОН (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Мозамбик приреди големо изненадување на Африканскиот куп на нации откако денеска во првиот меч од програмата од 2. коло го изненади Габон, славејќи со 2-3.

Мозамбик стигна до водство од 0-1 со голот на Бангал во 37. минута. На 0-2 зголеми Гатамо од пенал во 42. минута, а до крајот на првиот дел Габон намали на 1-2 со голот на Обамејанг во петтата минута од судиското надополнување. Ново водство од два гола за Мозамбик (1-3) донесе Диого Калила во 52. минута, додека конечните 2-3 ги постави Мукету Мусонда во 76. минута.

Gabon 1-[3] Mozambique – Diogo Calila 52'
byu/Meladroit05 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...