„Можам да го надминам Роналдо, но јас не сум себичен“

Рафаел Леао, кој пет сезони настапува за Милан, прерасна во лидер на својот тим и нивна најголема надеж. Тој долго време е еден од клучните играчи на „росонерите“, а сега во новогодишното интервју за „Скај Спортс“ зборуваше за својата кариера, Милан и идолите кои му помогнаа да стане играч каков што е денеска.

Тој вели дека Роналдо е негов идол и дека може да биде на тоа ниво, но дека не бил себичен.

„Кристијано Роналдо е мојот идол. Да бидам како него и играч како Мбапе? Можам да го достигнам нивното ниво, но не сум себичен. Можам да постигнувам голови, но можам и да асистирам. На овие нивоа бројките ја прават разликата бидејќи Мбапе, Халанд и Меси имаат бројки кои зборуваат сами за себе. Кога ќе размислувам како нив, ќе го достигнам тоа ниво“, изјави Леао.

Се вчитува...