Може Аргентина и без Меси – Убедлива победа со Чиле (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина убедливо славеше против Чиле со 3-0 во синоќешниот меч од јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2026.

„Гаучосите“ првпат по 11 години беа без Лионел Меси и Анхел ди Марија – двајцата лидери во последните две децении, потврдувајќи дека можат и без нив. Ди Марија стави крај на репрезентативната кариера по завршувањето на Копа Америка, додека Меси е повреден.

Мекалистер во 48 минута го отвори резултатот, а во финишот на средбата погодија уште и Хулиан Алварес и Пауло Дибала.

Аргентина по седум одиграни средби е лидер на табелата со 18 бодови, пред Уругвај со 13 бода од шест средби, а потоа следуваат Колумбија со 12 бода, Венецуела девет, Еквадор осум и Бразил седум.

Се вчитува...