Брегалница и лидерот Струга ТЛ денеска од 16 часот на Градскиот стадион во Штип, без сомнение, го играат најинтересниот дуел од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига.
По вчерашната победа над Македонија ЃП, Шкендија сега со сите свои погледи е насочена кон Штип во очекување Брегалница да успее да откине бодови на лидерот, ако се знае дека дуелите меѓу овие две екипи сезонава се и тоа како до крај неизвесни.
„Како и секој натпревар, така и за следниот натпревар против Брегалница се подготвивме максимално. Верувам дека ќе дадеме максимум за да дојдеме до трите бода“ – вели фудбалерот од средниот ред на Струга ТЛ, Зија Мерџани, и дополнува:
„Ниту еден натпревар не е лесен во шампионатот, но мораме да бидеме сконцентрирани и да се бориме за нашите бои, да се бориме за Струга, како што тоа го правевме досега. Мора сериозно да го сфатиме секој натпревар и конечно да ја достигнеме целта оваа сезона“.
Интересен дуел се очекува и во Кратово каде Силекс го пречекува Шкупи. За чаирчани можеби ова коло е последен обид да се приклучат во трката за титулата, секако во очекување и на кикс на Струга ТЛ во Штип.
РЕЗУЛТАТИ – 30. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Прилеп: ПОБЕДА – СКОПЈЕ
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
АК. ПАНДЕВ – слободна
ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Милев 8′, Чинари 35′, Рамадани 68′ – Фазли 38′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА