Може ли перфекцијата на Вардар да продолжи и во Шведска?

Вардар игра во изворедна форма од стартот на сезонава, „црвено-црните“ имаат перфектни „11 од 11“  во Супер-лигата и две победи во првите две руди од ЕХФ Европската лига.

Тимот предводен од тренерот Чупиќ игра се подобро од натпревар во натпревар, а по победата над Алкалоид сега се соочува со нов предизвик во европски рамки – гостувањето во Шведска против екипата на Кристијанштад. Вардар моментно е прв во групата со четири бода, Кристијанштад втор со три, па јасно е зошто овој дуел е толку важен, со триумф во Шведска „црвено-црните“ речиси сигурно би го осигурале пласманот во следната фаза, воедно и би направиле џиновски чекор за обезбедување на првото место во групата.

Швеѓаните важат за квалитетен тим што е склоп на младост и искуство, но Вардар веќе покажа дека со овој играчки кадар знае да победува на гостиски терен. По одличниот настап во Франција и победата над Тулуз, „црвено-црните“ атакуваат на нов гостински триумф со кој би ја продолжиле серијата перфектни резултати од стартот на сезонава.

Тренерот Чупиќ се соочува со нов проблем поради неиграњето на Вуко Борозан и Гоце Георгиевски, но добра вест е што за овој меч во тимот се враќаат Јапонецот Кавада и Португалецот Пинто.

Се вчитува...