Може ли Тиквеш да го изненади и шампионот Шкупи?

Актуелниот шампион на Македонија, Шкупи ќе го пречека Тиквеш на домашен терен во најинтересниот натпревар од денешната програма во Првата македонска фудбалска лига. Тиквеш е едно од најголемите изненадувања сезонава во елитата, а можат ли кавадарчани да ги продолжат одличните партии и на гостувањето кај шампионот.

По минатонеделниот прв пораз лидерот Струга Трим и Лум ќе има нов незгоден натпревар на гостувањето во Прилеп кај Победа. По слабиот старт по кам-бекот во елитата, прилепчани полека, но сигурно фаќаат залет.

Во Автокоманда „фенерџијата“ Скопје ќе ја пречека тетовска Шкендија, додека на терените на ФФМ ќе се сретнат Работнички и Силекс. За потсетување во премиерниот натпревар од оваа рунда, вчера Брегалница славеше над Академија Пандев со 1-0.

Слободна во ова коло е Македонија ЃП.

ПМФЛ – 12. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 

Прилеп: ПОБЕДА – СТРУГА ТЛ 

Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 

ВЧЕРА

Штип: БРЕГАЛНИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...