Надежта последна умира… За Вардар. Црвено-црните денеска можеби и последната сламка во битката за спас сезонава, на дуел против Ренова на домашен терен во 27. коло од ПМФЛ во кој ќе се бркаат бодови.
Желбата е „вардарци“ да го заборават срамниот дуел против Силекс во Кратово и да се насочат кон можноста за освојување бодови со Ренова, иако јасно е дека ќе биде повеќе од тешко и против „гипсарите“.
Покрај битката за опстанок, до крајот на првенството фокусот ќе биде и во трката за третото место на табелата. Македонија ЃП посакува бодови и против Борец, а интересно ќе биде во Струга каде во директен дуел ќе се пресметаат Струга ТЛ и Работнички.
„Ќе недостасуваат неколку фудбалери, капитенот Горан Силјановски и Лука Станковски поради пет жолти картони, како и повредените Стојкоски, Лазаров, Пецов, Петковски…Но, тимски ќе се бориме за да оствариме позитивен резултат во Струга. Тоа нема да биде воопшто лесно, затоа што Струга Трим Лум е одличен тим и посебно добро игра на својот стадион. Но, јасно е дека следува разврската за третото место и ќе се обидеме да бидеме најдобри што знаеме и умееме“ – вели тренерот на Работнички. Александар Влахо.
ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА
Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС
Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА
Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

