Може ли Вардар до поволен резултат против Шкендија, Струга го пречекува Силекс

Со два натпревари денеска ќе се комплетира 10. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот што некогаш беше дерби сега Вардар и Шкендија го дочекуваат во различни улоги.

Најтрофејниот клуб се бори со сите проблеми по враќањето во елитата, додека Шкендија и оваа сезона ја напаѓа титулата во ПМФЛ.

Тренерот на Вардар, Александар Васоски се потсети на времињата кога ова беше натпревар кој одлучуваше за титула, во миговите кога екипите се бореа за шампионскиот пехар.

„Некогаш ова беше големо дерби се бореа дватат тима за титула и играа многу квалитетни натпревари. Играме со првопласираната екипа, но знаеме дека оваа сезона променливо, ако го земеме последниот меч со Брегалница каде успеавме да земеме бод, а можевме и три, така што трендот на екипата е нагоре, и ќе настојуваме да победиме. Ги повикувам комитите кои се наш 12-ти играч да ни дадат поддршка, а ние ќе настојуваме со цело знаење да пробаме да ја изненадиме и да победиме. Несомнено ова е дерби во последните години, иако сега играат последниот против првиот“, изјави Васоски.

Во Струга актуелниот шампион ќе го пречека Силекс кој игра одлично на стартот на оваа сезона. И двата натпревари се со почеток во 14 часот.

Се вчитува...