Можен дуел за групите во ЛШ: Шкендија против Црвена Звезда

Македонскиот првак Шкендија, доколку го мине австрискиот Салцбург, за пласман во групите од Лигата на шампионите ќе игра против Црвена Звезда или Спартак Трнава. Ова го донесе денешниот ждреб во УЕФА, за плејоф колото во квалификациите за елитното европско клупско натпреварување.

Шкендија, доколку го елиминира Салцбург, ќе ја преземе улогата на носител, и ќе има убава шанса да направи историски подвиг, и да биде првиот македонски клуб во групите од ЛШ.

Од останатите двојки, Бобан Николов со Види во случај на елиминација на Малме, ќе се сретне со подобриот од двомечот Селтик – АЕК, додека Аријан Адеми со Динамо Загреб, по евентуален триумф над Астана, го очекува пресметка со швајцарскиот Јанг Бојс.

Се вчитува...