Ако се верува на пишувањата од Италија, Јувентус сака да ги смени условите на новиот договор за Паоло Дибала, со што играчот наводно побарал заминување во јуни 2022 година, по истекот на договорот.
Напаѓачот и Јуве се договориле на нов договор со 10 милиони по сезона, со траење до 2026 година. Аргентинецот требаше да заработува 8 милиони и плус 2 милиони низ бонуси. Агентот на играчот неколку пати заминуваше во Торино на преговори, и веќе беше извесно дека ќе биде потпишан нов договор.
Сега според „Газета“ има нов проблем, а тоа е дека Јувентус сака да вметне нови ставки во договорот, нешто на кое Дибала не е подготвен.
Исто така наводно Јувентус преговарал со Дибала за намалување на платата, но зголемување на бонусот. Тој е во моментов 11 играч по минутажа во Јуве. Сезонава на 17 меча постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА