Селекторот на македонскиот национален тим Благоја Милевски, со неколку дилеми околу тактиката, составот и задачите кои фудбалерите ќе ги добијат за вечерашниот натпревар против Малта (20:45 часот).
Согласно информациите, Милевски ќе ја започне оваа средба со тројка во одбрана, а во зависност од подготвеноста на Дарко Веловски ќе се формира и триото во дефанзивата.
Се очекува по крилните позиции да дејствуваат Ристовски и Алиоски, а во средината Барди и Адеми. Дилемата е дали Елмас да добие шанса по средината и да ги „храни“ со топки Миовски или Несторовски и Трајковски, или, пак, „дијамантот“ да добие шанса по левата страна, па да ја формира „тројката“ во нападот.
Во секој случај Милевски ќе треба да ги реши дилемите, и Македонија да се покаже во добро светло, и со победа да ги стартува квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА