Македонската репрезентација вечерва против Украина ќе оди на втора победа во квалификациите. Селекторот Благоја Милевски го „крои“ составот, а не се очекуваат поголеми изненадувања кога е во прашање стартниот состав.
Иако одбраната не е во најдобра форма, сепак, се очекува Милевски да стартува со најстадарните Велковски, Муслиу, Ристовски и Алиоски. Адеми и Барди се очекува да бидат во дефанзивниот дел од средниот ред. Елмас, Атанасов и Трајковски тројката позади најистурениот Несторовски, кој се очекува биде во почетните 11 на местото на повредениот Миовски.
Селекторот Милевски против Малта играше со тројца во одбрана, но во вториот меч се очекува да се врати на својата стандарна формација. Тогаш Македонија во вториот дел ја промени формација, и тоа донесе резултат и два гола во мрежата на Малта за победа. Затоа вечерва се очекува Милевски уште од 1. минута да излезе со 4-2-3-1 на мегдан со Украинците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА