Почетокот на јануарскиот преоден рок го означи и стартот на бројните шпекулации околу потенцијалните засилувања на најсилните екипи ширум Европа. Арсенал вообичаено редовно се поврзува со бројни фудбалери, а според последните информации Арсен Венгер е подготвен да тргне во офанзива по Миралем Пјаниќ.
Босанскиот интернационалец не се снајде најдобро по трансферот од Рома во Јувентус, а во ситуација кога „старата дама“ сериозно размислува за нови засилувања за средниот ред јасно е дека иднината на Пјаниќ во Торино воопшто не е „розова“. Венгер сака да го искористи ова и подготвува понуда од 25 милиони фунти, но „старата дама“ ќе инсистира во преговорите да биде вклучен и Алексис Санчез. Чилеанецот е прва „ѕвезда“ на „топчиите“, но прекинот во преговорите за нов договор би можел да придонесе Алексис да стане достапен за трансфер во текот на летото.
Токму затоа Јувентус подготвува летна офанзива по екс-голгетерот на Барселона, со Пјаниќ како адут во преговорите со Арсенал. Венгер засега не сака ни да чуе за продажба, но доколку не биде постигнат договор до крајот на сезонава, „топчиите“ ќе бидат принудени да го продадат за да не ризикуваат следното лето (2018 година) тој да си замине без никаква отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА