Репрезентацијата на Мексико, еден од домаќините на идниот Мундијал и еден од потенцијалните противници на Македонија на Светското првенство 2026 година, ќе го менува селекторот.
Хавиер Агире, легендарниот селектор на оваа репрезентација донесе одлука да се повлече веднаш по завршувањето на собирот на најдобрите светски селекции. Веднаш по Мундијалот, Мексиканците добиваат нов селектор, а веќе е познато и кој ќе биде.
Во прашање е Рафаел Маркез, поранешниот фудбалер на Барселона.
„Маркез по завршувањето на СП 2026 година ја завршува својата улога на помошник селектор, и потоа ќе биде именуван за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него, и тоа е планот. Во договорот на Маркез стои дека тој во 2026 година ќе стане селектор“, изјави претседателот на фудбалскиот сојуз на Мексико, Иван Сиснијега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

