Можниот противник на Македонија во баражот го продолжи договорот со селекторот

Селекторот на репрезентацијата на Ирска, Хајмир Халгримсон потпиша нов договор со селекцијата непосредно пред почетокот на плеј-офот за место на Светското првенство.

Договорот со исландскиот тренер е со важност до крајот на 2028 година, на кое Ирска ќе биде ко-домаќин.

Ирците играат против Чешка во полуфиналето на плеј-офот, а потоа ако го добијат тој меч, ќе спојат со победникот од дуелот Данска – Македонија. Победникот од овој мини турнир ќе обезбеди пласман на Мундијалот оваа година кој се игра во САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...