Франција ќе му понуди на Дешамп договор до 2030 година

Претседателот на француската фудбалската федерција Ноел Ле Гре, проговори за продолжувањето на договорот со Дидие Дешамп. Имаше многу шпекулации дека Дешамп ќе го напушти кормилото без разлика што ќе направи на Мундијалот во Катар, но сега е поблиску да остане отколку да замине.

Ле Гре кажа дека не само што ќе му биде понуден нов договор на Дешамп, туку дека истиот ќе биде долгорочен, односно до 2030 година.

„Дали планираме да го продолжиме договорот со Дешамп до 2026? Зошто да не и до 2030? Веќе се договоривме да се сретнеме после Светското првенство во Катар и да разговараме. На селекторот сега му треба одмор, а потоа ќе се договараме. Ориентирани сме кон настап и освојување на ЕВРО 2024 година“, рече Ле Гре.

Пред Мундијалот многу се шпекулираше дека Зинедин Зидан ќе ја води Франција наредниот период. Меѓутоа веројатно од тоа ќе нема ништо, а Дешамп и Франција повторно имаа успешен Мундијал. Откако е на чело на француската репрезентација, Дешамп стигна до финале на ЕВРО, две финалиња на СП од кои на едното го освои пехарот, а ја освои и Лигата на Нации.

Се вчитува...