Првиот „Ел класико“ сезонава треба да се одигра на 18. декември на „Камп ноу“ и тоа откако веќе еднаш беше одложен.
Имено, организацијата „Цунами демократик“ која е предводник на протестите против апсењето на лидерите на движењето „Отцепување на Каталонија од Шпанија“ ги повика сите истомисленици на денот на одигрување на мечот сите да излезат на протест во центарот на Барселона.
Овој став предизвика голем сигурносен ризик кон фудбалерите на Реал Мадрид кои за да стигнат до „Камп ноу“ мора да поминат во делот на градот на кој ќе бидат демонстрантите.
Исто така од страна на локалната полиција наведуваат дека доколку стигне до ваква ситуација тие самите нема да можат да се справат со неа, што значи дека пред нас е ново одложување на натпреварот кој го чека целиот свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА