Јапонците сакаат ново одложување на Летните олимписки игри

Повеќе од 80 отсто од жителите на Токио во последните неколку дена се изјасниле дека ЛОИ треба да бидат откажани или повторно одложени. Резултатите од анкетата се лоша вест за организаторите и Меѓународниот олимписки комитет, чии челници и понатаму веруваат дека Игрите ќе почнат на 23. јули.

Токио се бори со се поголем број на случаи од коронавирус поради кои минатата недела беше прогласена вонредна состојба. Јапонија до неодамна добро го контролираше вирусот, но зголемувањето на бројот на случаи ја намали шансата да биде прифатено во Токио да стигнат 15 илјади спортисти и над 10 илјади фанови, судии, спонзори, медиумски работници…

Во Јапонија досега од коронавирусот починаа 3.800 луѓе.

Се вчитува...