Можно ли е Перишиќ да направи големо предавство?

Интер веќе подолго време се обидува да го убеди Пауло Дибала да изврши големо „предавство“ и по заминувањето од Јувентус да се пресели на „Џузепе Меаца“, но челниците на „старата дама“ ќе сторат се за да го возвратат ударот – носејќи го во своите редови Иван Перишиќ.

Исто како и во случајот на Дибала, и Перишиќ станува слободен играч на крајот од сезонава, a на маса има неколку интересни понуди. Интер сака да го задржи, но нуди најмалку пари, додека Њукасл и Челси не ја кријат желбата да го доведат 33-годишниот Хрват во Премиер-лигата.

Вчерашните информации велеа дека Перишиќ е најблиску до Челси, но „Газета дело спорт“ во денешното издание открива дека Јувентус е „сериозен играч“ во оваа трка. Алегри ќе прави ремонт на навалната линија и би му понудил на Перишиќ крилна позиција, наместо онаа на офанзивен бек што ја има во Интер. Хрватскиот ас не крие дека би сакал повеќе да се фокусира на нападот, отколку на одбраната, па ваквата понуда на „црно-белите“ станува уште поинтересна за него.

Едно е сигурно, Перишиќ ќе почека до крајот на сезоната пред да ја соопшти конечната одлука, но како што стојат работите во моментов, тој ќе си замине од Интер за нов предизвик во кариерата.

Се вчитува...