Mozzart дава најголеми квоти на свет: Барселона 2,55, Манчестер Јунајтед 1,60 и Салцбург 2,10!

Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти!

Редовна чест со елитните натпревари во Mozzart.

Разновидна фудбалска програма оваа среда, па букмејкерите на Mozzart на слатка мака. За денес подготвија три поклон квоти во Лигата на Шампиони, односно кецови на Манчестер Јунајтед и Салцбург и двојка на Барселона.

Уживајте и заработите со најголемите квоти на свет.

 

БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА (ВТОРНИК, 21.00), ДВОЈКА 2,55

Бенфика не смета на Радоњиќ и уште двајца фудбалери, додека пак Барса има пет повредени играчи, плус двајца под знак прашалник. Под знак прашалник се и можностите на гостите од Шпанија на ова гостување, бидејќи Баерн ги декласираше во првото коло со 0:3, а тие во Примера потоа продолжија со две ремија, по што конечно славеа над Леванте. Ова ќе биде тврд и тежок натпревар и за двата тима.

 

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ВИЉАРЕАЛ (ВТОРНИК, 21.00), КЕЦ 1,60

Засилувањата се тука, но резултатите какви што се очекуваат на Олд Трафорд сè уште ги нема. Јунајтед ги доведе Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо, а потоа во Швајцарија загуби од Јанг Бојс на стартот од групната фаза. Потоа следеше и пораз од Вест Хем во Лига Купот, како и неуспех дома од Астон Вила во првенството. Трите порази во последните четири натпревари повикуваат на претпазливост, а шансата да се врати на победничките патеки Јунајтед ќе ја има вечерва кога го дочекува Виљареал, должник од минатата година. Жолтата подморница својата карта за Лигата на шампионите ја доби во мај, кога ја освои Лига Европа, и тоа против вечерашниот противник, по подобро изведување на пеналите.

 

САЛЦБУРГ – ЛИЛ (СРЕДА, 21.00), КЕЦ 2,10

Возбудувања во Австрија сигурно нема да недостасуваат, бидејќи по првото коло од Групата Б, двете екипи имаат по еден бод. Салцбург вечерва го дочекува Лил и ќе настојува да ја продолжи позитивната серија. Биковите оваа сезона немаат ниту еден пораз, иако играат на повеќе фронтови. Актуелниот шампион на Австрија ја предводи тамошната Бундеслига и по девет кола има максимален учинок. Првиот дуел во Лигата на Шампиони го играа во Севиља, од каде се вратија со еден бод. Од друга страна пак, Лил на домашен терен пред две недели одигра нерешено со Волфсбург, без голови. Минатата сезона, Догите беа тимот кој успеа да го симне ПСЖ од францускиот трон. Сепак, Лил сега не изгледа така самоуверено.

Уживајте во фантастичните натпревари и заработите во Mozzart.

* Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет.

Се вчитува...