Mozzart дава најголеми квоти на свет: Интер 1,30, Краснодар 1,53, Леверкузен 2,00 и Лион 1,76!

Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти.

Недела е ден за фудбалски возбудувања, а Mozzart и овој пат спреми големи изненадувања.

Еве поклон квоти кои ги спремивме за вас.

Интер – Џенова (недела, 15.00), кец 1,30

Со победата над Милан во минатото коло, Интер ја потврди челната позиција во Серија А. На последните пет натпревари во првенството, Интер запиша четири триумфи и реми, а сега на гости им доаѓа Џенова, која се држи на средината на табелата. Интер има јасна цел пред себе. Уште едно славје би им донело седум бодови предност пред Милан, кого вечерва го очекува дерби дуел против Рома, и дури 10 бодови предност пред Јуве, кој вчера киксна во Верона. Затоа не би требало да има сомнеж во триумф на момците на Антонио Конте, кои се многу блиску до прекин на владеењето на Јувентус.

Краснодар – Урал (недела, 17.00), кец 1,53

„Биковите“ уште се во шок од елиминацијата од Динамо Загреб во Лига Европа, а помеѓу тие дуели со „модрите“, Краснодар испадна и од националниот Куп. Моралот дефинитивно не е на највисоко ниво, а идеален лек за тоа се победите. „Биковите“ денес имаат можност да почнат да ги лечат раните и да пробаат да го поправат впечатокот во националниот шампионат на Русија. На гости им доаѓа Урал, кој славеше на минатите два дуела со денешниот ривал, и тоа со минимален резултат. Било како било, гостите се девет бодови зад Краснодар, кој се бори за излез на меѓународна сцена.

Леверкузен – Фрајбург (недела, 18.00), кец 2,00

Некој ѓавол им влезе на Леверкузен и им се заканува да им уништи сè што градеа оваа сезона. Баер од кандидат за највисок пласман, сега дојде на шестото место, со заостанување од пет бодови зад позициите кои водат во Лигата на Шампиони. Во меѓувреме елиминиран е и од националниот Куп од четвртолигашот Есен, а и од Лига Европа по двобојот со Јанг Бојс, па сега мора под итно да покаже реакција доколку сака да остане во конкуренција за топ 4. Прва вистинска прилика е вечерва, кога на гости им доаѓа Фрајбург, кој е без победа над „фармацевтите“ на седум минати дуели.

Олимпик Марсеј – Лион (недела, 21.00). двојка 1,76

Марсеј не е ниту близу до своите најдобри изданија, во моментов се наоѓа на седмата позиција на табелата во Лига 1, блиску до местата кои водат до европски квалификации. На гости им доаѓа Лион, во моментов третопласиран, со три бодови помалку од лидерот Лил. Со победа дома, Марсеј би бил чекор поблизу до петтата позиција, а од друга страна пак, би му овозможил на Монако да го помине Лион. Пајет и друштвото сигурно имат уште многу што да покажат, но не смеат веќе да чекаат. Бидејќи, на другата страна пак, доминираат Депај и Екамби, а Лион во минатото коло со победата над Брест покажа дека поразот од Монпеље беше само лош ден.

Уживајте во фантастичните натпревари и заработете во Mozzart.

* Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет

Се вчитува...