Шампионите секогаш ги поддржуваат шампионите, а потврда за тоа доаѓа од компанијата Mozzart која застана зад мото клубот “Silent Hunters 64” и нивниот претставник, македонскиот шампион во брзи мото трки, Синиша Кочоски.
Мотоциклистот кој заедно со Mozzart ќе се бори за нови победи, својата кариера ја започна во 2019 година.
Кочоски изминатата 2022 година го освои првото место во брзински мотоциклизам во класата Ф1000 на престижниот БМУ Европски Шампионат и е двократен македонски шампион.
„Пред сè сакам да ѝ се заблагодарам на компанијата MOZZART за пружената доверба. Мило ми е што го препознаа мојот труд и професионализам во претходните сезони и одлучија да ме поддржат. Јас заедно со мојот тим ветуваме дека и оваа сезона ќе го дадаме нашиот максимум за уште поголеми успеси и се разбира нови трофеи. Потпишаната соработка со MOZZART ќе ми биде дополнителен ветер во грб за претстојните предизвици во БМУ Европскиот шампионат и Македонскиот шампионат, каде ги бранам титулите, но и во новото натпреварување за мене Алпе Адриа. На првите две трки во Серес, Грција имав одличен настап”, изјави шампионот во брзински мотоциклизам, Синиша Кочоски.
Во домашниот шампионат, Кочоски обезбеди две први места, додека во Европскиот се искачи на второто скалило на подиумот.
Следен негов предизвик ќе бидат трките во Словачка на легендарната патека „Словакиа Ринг“, во рамки од Алпе Адриа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА