MOZZART СО НАЈГОЛЕМИ КВОТИ НА СВЕТ: Сити 1,65, Јувентус 1,48, Интер 1,30, ПСЖ 2,05…!

Никаде на планетата нема да пронајдете поголеми квоти! Нов викенд – нови изненадувања од кујната на Mozzart.

Овој пат на дури осум парови кои се играат во сабота и недела, букмејкерите гарантираат дека во секој момент ќе имаме најголеми квоти на свет!

Доколку планирате да одиграте тикет и добро да се забавувате, јасно ви е дека страната на Mozzart е најдобра опција.

 

РБ Лајпциг – Келн (сабота, 15.30), кец 1,43

Лајпциг долго не знае за пораз, додека пак Келн е при дното на табелата и игра многу променливо. Освен што е домаќин, Лајпциг има и многу поквалитетен тим од ривалот, а минатата сезона во двата меѓусебни дуела му даде по четири голови, што јасно покажува колкава е разликата. Кец е веројатна опција, а квотата во Mozzart е најголема на свет!

Саутемптон – Манчестер Сити (сабота, 16.00), двојка 1,70

Манчестер Сити под итно мора да се разбуди, бидејќи доколку не го стори тоа, веќе до Нова Година може да испадне од трката за шампионската титула, што веќе му се случи минатата сезона. Нов дебакл веројатно ќе значи и голема промена во клубот. Денес ривал им е Саутемптон, кој е едно од најпријатните изненадувања оваа сезона, но квалитетот е убедливо на страната на гостите, а тој мора да дојде до израз во еден момент. Можеби веќе денес.

Јанг Бојс – Лугано (сабота, 18.15), кец 1,53

Јанг Бојс е нов лидер во швајцарскиот фудбал и ретко кој во земјата на часовниците и чоколадите може да му се закани. Во минатото коло „младите момци“ како гости го совладаа Базел и покажаа колку се силни, па Лугано на нивни терен не би требало да претставува проблем.

Парма – Јувентус (сабота, 20.45), 1,48

Пред дваесетина години ова беше големо дерби, но сега е многу поинаку. Јувентус е „вечниот шампион“, оваа сезона започна малку послабо, но се приближува до првото место и сега е на четири бодови заостанување од Милан. Парма во последните два дуела на свој терен во Серија А не постигна ниту еден погодок (не ни прими) и тешко може да ја загрози „Старата дама“. Двојка е прв избор, а квотата во Mozzart е најголема на свет!

Интер – Специја (недела, 15.00), кец 1,30

Интер нанижа осум натпревари без пораз во Серија А, а на последните пет има само победи и дојде на само еден бод од лидерот Милан. Специја, која пет кола нема победа, секако не е тим која би можела да го запре тимот на Антонио Конте во оваа ситуација. Кецот е веќе „виден“.

Дижон – Монако, (недела, 15.00), 1,63

Ако некој е идеалниот тим за Монако да ја прекине серијата од три порази, тоа е Дижон, тим кој е последен на табелата и после 15 кола има само една победа и девет бодови. Монако мора да ја искористи оваа шанса за да го започне враќањето кон врвот на табелата.

Жил Висенте – Бенфика (недела, 18.30), двојка 1,48

Ова ќе биде уште една долга борба помеѓу Бенфика и Порто за титулата во Португалија, а оваа сезона изгледа дека и Спортинг има сили да се вклучи во истата, со оглед на тоа дека моментално се наоѓа на првото место. Тоа значи дека Бенфика едноставно не смее да губи бодови со „малите екипи“, а во недела вечер гостува на Жил Висенте, кој им е ривал по мерка – во последните 12 натпревари го имаат победено дури 11 пати, а од тие, последните шест без примен гол. Сè ви е јасно, а двојката во Mozzart е најголема на свет!

Лил – ПСЖ (недела, 21.00), двојка 2,05

Лил ги искористи двата кикса на ПСЖ во последните пет кола и го смени од првото место. Парижаните не се навикнати да гледаат во нечиј грб и во недела вечер имаат огромен мотив да го победат Лил на негов терен и да се вратат таму каде што припаѓаат, на врвот. Самиот факт дека Лил е прв, ја засили квтотата за двојка, а Mozzart дополнително ја подигна и кај нас е најголема на свет!

Време е за фудбалски викенд, уживајте во феноменалните натпревари и заработите во Mozzart.

*НАПОМЕНА: Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет.

 

 

Се вчитува...