Лидерот во приредување игри на среќа континуирано дава поддршка на спортските настани низ Македонија, а помош сега пристигна и за спортско едукативните игри „Независна полиција 2023“ во организација на Самостојниот полициски синдикат.
Игрите се одржаа на Пониква, со присуство на 430 учесници, како и странски делегации од Црна Гора, Србија, Бугарија и Албанија.
Учесниците се натпреваруваа во три групни спортови – одбојка, кошарка и влечење јаже, а силите ги измерија и во четири поединечни дисциплини – пикадо, шах, бендмингтон и туркање на рака.
„Независниот полициски синдикат, како релативно мал и финансиски не многу силен синдикат, немаше да може да ги реализира овие игри без помошта што ја добивме од спонзорите. Изразуваме благодарност до Моцарт и се надеваме на понатамошна успешна соработка“, изјави Владимир Литовски, претседател на Независниот синдикат на судска полиција.
Компанијата Mozzart досега даваше поддршка за синдикатите на УЈП и УПОЗ, а со истото темпо ќе продолжи и во иднина.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

