Mozzart ти дава најголема квота на свет на Наполи, Реал и Барнли!

Лигата на шампионите ќе даде два полуфиналисти, а токму на два натпревари од елитното друштво, како и на еден од Чемпионшип лигата, букмејкерите на Mozzart за тебе подготвија најголема квота на свет. Се работи за победи на Наполи и Реал Мадрид, како и на триумф на веќе промовираниот Барнли.

Наполи – Милан (вторник, 21:00), кец 1,87

Наполи доживеа минимален пораз на „Сан Сиро“ во првиот натпревар и пред својата публика ќе оди да ја продлабочи историјата во Лигата на шампионите. Милан пред овој натпревар е во проблеми затоа што не знае дали ќе може да смета на првиот центарфор Оливие Жиру кој се повреди. „Росонерите“ штедеа сили во шампионатот во дуелот со Болоња, а слично беше и со Наполитанците против Верона. Добра вест за тренерот Спалети е што во составот се врати главниот голгетер Виктор Осимен, но лоша се отсуството на Ангиса и Ким кои се суспендирани поради картони во првиот дуел. Наполи посакува втора победа во последното дерби со Милан сезонава, откако ги загуби претходните две.

Челси – Реал Мадрид (вторник, 21:00), двојка 2,60

Челси е нестабилен од почетокот на сезоната и веќе смени неколку тренери. Неодамна Френк Лампард се врати на кормилото. Кам-бекот не успеа, бидејќи под негово водство Челзи загуби во Премиер лигата од Вулверхемптон (0:1) и Брајтон (1:2) и остана на 11. место на табелата. И во Лигата на шампионите сините немаат многу шанси, бидејќи поразот од Реал во Мадрид со 2:0 го остава лондонскиот тим со минимални шанси за успех. Реал Мадрид направи неколку грешки во лигата во текот на првиот дел од сезоната кои Барселона целосно ги искористи и создаде предност. Тимот на Карло Анчелоти е втор на табелата, 11 бода зад Блауграна и има мали шанси да ја освои титулата во Шпанија.

Ротерам – Барнли (вторник, 20:45), двојка 1,80

Ротерам не е брилијантен оваа сезона и продолжува да се бори за опстанок во Чемпионшип, бидејќи има три бода повеќе од првиот кој чиј статус е загрозен. Тој е очаен на гостувањата со само две победи на 21 натпревар и само 11 постигнати голови, додека на домашен терен е спротивното. Ротерам забележа осум победи во 20 кола на својот стадион, иако двапати беше поразен во последните три домашни натпревари. Во последното коло не успеа да се справи со Лутон (0:2). Барнли имаше фантастична сезона и обезбеди промоција пред предвиденото, има 12 бода повеќе од второпласираниот Шефилд Јунајтед. Пред три дена Барнли ремизира со Рединг (0:0).

Напомена: Квотите се подложни на промени, но во Mozzart во секое време ќе бидат најголемите на светот!

Се вчитува...