Австралискиот тенисер и лошото момче Ник Кирјос говореше за Новак Ѓоковиќ пред неговиот полуфинален дуел со Јаник Синер.
Тој вели дека иако не сака тоа да го каже, кариерата на најдобриот тенисер на сите времиња е на самиот крај.
„Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе играат тенис во следните 10-15 години. Новак се уште може да се справи со нив, тој сепак е неверојатен тенисер, но прашање е до кога. Мразам да го кажам тоа, но кариерата на Ѓоковиќ е при крај“, изјави Кирјос.
Новак ја освои последната титула на Вимблдон против Кирјос во финалето во 2022 година. Австралиецот се повреди неколку месеци подоцна и оттогаш скоро и да не игра. Последниот меч го одигра уште во март во Мајами. Вимблдон го прескокна, но се надева дека ќе учествува на УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

