Ракометарите на МРК Куманово стигнаа до голема победа во борбата за опстанок во Суперлигата откако денеска славеа на гостувањето кај „фенерџијата“ Радовиш со 24-28 во последниот меч од 26. коло во плејаутот.
Радовишани одиграа одлично во првото полувреме во кое противникот го сведоа на само десет гола, а на пауза заминаа со позитива од 12-10. Сепак, во вториот дел дојде до израз разликата во квалитет, па на крајот гостите стигнаа до полн плен 24-28. Toше Ончев со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Васе Петров заврши со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

