МРК Куманово го врати Огњен Радојичиќ

Српскиот ракометар Огњен Радојичиќ е нов ракометар на МРК Куманово. Интернационалецот од Србија е повратник во редовите на суперлигашот откако ги бранеше боите на МРК Куманово пред две сезони.

Радојичиќ кој е роден 2000 година и е висок 198 игра на позиција лев бек и ќе биде вистинско освежување за тимот на тренерот Љубиша Димковски во продолжение од сезоната во машката ракометна Супер Лига.

„Искрено не се двоумев откако повторно се јавија од МРК Куманово и без размислување се вратив во екипата каде пред две години поминав еден убав период од мојата кариера. Ќе направам се овој лош период резултатски тимот да го надмине и да се вратиме на победничките стази – истакна српскиот ракометар по потпишување на договорот со МРК Куманово.

Се вчитува...