МРК Куманово ја продолжи серијата порази на Радовиш

Ракометарите на Радовиш остануваат единствената екипа без победа во новата сезона во Суперлигата на Македонија, откако денеска во 12. коло загубија на домашен терен од МРК Куманово со убедливи 19-30.

Кумановци тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот и веќе на пауза имаа сигурна предност од 8-15. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 19-30.

Kај победникот Александар Стојков со 11 гола беше прво име, додека кај поразените Мартин Димов заврши со четири гола.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...