МРК Куманово се засили со Стефан Лазаревски

Македонскиот ракометен суперлигаш МРК Куманово се засили со Стефан Лазаревски.

Играчот кој е роден 2007 година е ученик во трета година при ракометната академија и игра на пикерската позиција.

Во својата кариера бил дел од младински категории на РК Драчево, РШ Будимир , РК Аеродром, РК Вардар и РК Голден Арт каде во својата возрасна категорија бележи одлични настапи и настапува на високо ниво на ракометните терени.

Ракометарот е висок 183 сантиметри и е тежок 100 килограми.

Се вчитува...