Ракометарите на Куманово славеа на домашен терен против Радовиш со 30-26 во последниот меч од првиот круг натпревари во Суперлигата на Македонија. Со овој пораз Радовиш остана единствен тим без победа во домашниот шампионат.
Кумановци беа подобар противник во првиот дел, па на пауза заминаа со позитива од три гола 15-12. Во второто полувреме само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 30-26.
Давид Димевски со 11 гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Здравко Постолов постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА