ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Македонија во претходните настапи низ квалификациите, но и на големите натпреварувања, редовно бележеше позитивни резултати во двомечите со Чешка, податок од кој репрезентативци на оваа селекција дефинитивно стануваат се поисфрустрирани.
Доказ за тоа е и изјавата на голманот Томаш Мрква во пресрет на денешниот дуел, во која искусниот чувар на мрежата упатува директна навреда кон нашиот национален тим.
„Не ги сакаме Македонците. Всушност, кој навистина ги сака“ – порача Мрква преку чешките медиуми.
Селекторите Кубеш и Филип ќе треба да донеесат одлука кој од двајцата чувари на мрежата ќе го стартува мечот, Галија или Мрква, но јасно е дека ако биде овој вториот, тоа ќе биде само мотив повеќе за македонските ракометари, на најдобар можен начин да одговорат на неговите навреди и на теренот да му покажат кој е кој во европскиот ракомет, како и многу пати досега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА