Многу интересна стана трката за титулата во хрватското првенство по одигрувањето на 32. коло и новите порази што ги претрпеа водечките Ријека и Хајдук.
Особено разочарувачки делува формата на сплитските „бели“, кои одиграа уште еден потпросечен меч губејќи од Осјек со 2-0. Трет натпревар во серија Хајдук доби црвен картон, а домаќините знаеја да ја искористат предноста од играч повеќе и со два гола во второто полувреме стигнаа до победата.
Динамо Загреб славеше во дербито на колото против Ријека со 1-0 со голот на Марко Пјаца, со што „модрите“ сега се со само еден бод заостанување во однос на ривалите, со сосема реални шанси во трката за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА