Бразилецот Нејмар не го оправда преголемиот договор кој го доби со Ал Хилал. Тешките повреди го лимитираа на само 20 натпревари до Светското првенство во 2022 година па тој ќе замине од Саудиска Арабија.
„Скај Спортс“ наведуваат дека тој веќе и ги информирал соиграчите дека заминува од Ал Хилал, а им ја открил и следната дестинација. Тоа ќе биде Интер Мајами каде одново ќе игра рамо до рамо со Лионел Меси и Луис Суарез, повторно формирајќи го напаѓачкото трио „МСН“ кое доминираше во Барселона.
Триото „МСН“ заедно одигра 451 натпревар забележувајќи 322 победи, 66 ремиња и 63 порази. Постигна 363 голови и забележа 272 асистенции. Ќе остане запомнето по освоената „триплета“ во сезоната 2014/15.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА