МТКФ ги прогласи најдобрите каратисти за 2023 година (ФОТО)

Врз основа на постигнатите резултати изминатава година Македонската традиционална карате федерација ги избра и прогласи најдобрите каратисти за 2023 година.

Минатата година беше една од најуспешните за македонските каратисти во традиционално карате кои освоија повеќе од 100 медали од меѓународните натпревари во сениорска, младинска, јуниорска, кадетска и детска категорија.

Тие во 2023 година настапија на: ИТКФ Балканскиот шампионат во Скопје, ИТКФ Светскиот куп во Грција и Полска, Европскиот Куп во Холандија и Европскиот шампионат во Словенија.

Покрај најдобрите натпреварувачи, МТКФ ги прогласи и Дејан Недев и Аљоша Недев за најдобри тренери на годината, а Кочо Василев и Ангеле Јовановски за судии на годината.

НАЈДОБРИТЕ КАРАТИСТИ НА МТКФ ЗА 2023 ГОДИНА

Се вчитува...