Матеус Куња блесна со хет-трик на гостувањето на Вулверхемптон против Челси, но бразилскиот ас веќе на наредниот натпревар заработи тешка повреда.
Како што информираа „волците“, екс-голгетерот на Атлетико Мадрид има сериозен проблем со тетивата, поради што го очекува подолга пауза од терените. Куња досега има 11 погодоциза Вулверхемптон во сите натпреварувања, блесна во последниот месец додека тимот беше без Хванг поради настапот на Купот за Азија, па јасно е дека неговото отсуство ќе претставува сериозен проблем за тренерот О’Нил.
„Куња има сериозен проблем со мускулот што се раширил и кон тетивата. Ова секако е голем удар, ако се знае во каква форма се наоѓаше до моментот на повредата. Не можеме да знаеме кога ќе се врати, но повредата дефинитивно е сериозна“, изјави О’Нил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА