Кошаркарот на Бостон Селтикс Џејсон Тејтум го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА вреден 314 милиони долари. Никола Јокиќ до неодамна беше рекордер во НБА со најголем договор, но сега рекордер е Џејсон Тејтум.
Како што пренесуваат американските медиуми, Тејтум се договорил со Бостон да го продолжи договорот до 2030 година и дека за тој период ќе заработи 314 милиони.
Бостон Селтикс се актуелни шампиони во НБА лигата, а Џејсон Тејтум беше огромен фактор во освојувањето на прстенот. Бостон го избра како 3. пик Тејтум на НБА драфтот во 2017 година кога дојде од Универзитетот Дјук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА