„Му го зема местото“ на Ангеловски во Фенербахче, па доби отказ по 4,5 месеци

Клупата на Фенербахче остана празна откако Витор Переира доби отказ од клупата, по слабите резултати во оваа сезона. Переира дојде на почетокот на сезоната во Фенер, но не ги оправда очекувањата. За клупата на Фенер долго време беше споменуван и екс селекторот Игор Ангеловски, но на крајот тимот од Истанбул се одлучи да му ја даде довербата на Переира.

Ангеловски во изјава минатиот месец рече дека имал понуда од Фенербахче, но дека на крајот тимот се одлучил за друг тренер.

Инаку Периера го имаше вториот мандат на клупата на Фенер. Првиот пат беше дел од тимот во сезоната 2015-2016, но и тогаш доби отказ откако завршија на второто место на крајот од сезоната.

Овој пат името на Ангеловски не се споменува како можен предводник на Фенер. Турците шпекулираат дека најсериозен кандидат за тренерското место е Славен Билиќ.

Се вчитува...