Му испрати честитка на пријателот, а во кадар влезе неговата гола сопруга (ФОТО)

Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме имаше несакана ситуација при едно видео на кое му честиташе роденден на еден фан на германскиот фудбал.

Имено, персонализираните роденденски честитки од познати личности стануваат се попопуларни во светот, а од тоа можат да заработат. Легендарниот стопер кој го постигна победничкиот гол за Германија во финалето на Светското првенство против Аргентина во 1990 година (1-0) го направи истото овојпат, но не беше свесен дека испратил и „бонус содржина“.

Видеото започна стандардно, гледајќи директно во камерата и честитајќи, но потоа беше прекинато од звук што доаѓаше од десно. И таму не отидоа само неговите очи, туку и камерата која ја сними неговата партнерка Сузана Шадер (56) топлес.

Брзо ја врати камерата назад и се однесуваше како ништо да не се случило, но некако видеото стана вирално. Сепак, Бреме целиот скандал го прифати со шега.

„Сега цел свет знае дека имам убава сопруга. Тоа не требаше да се случи, но можам само да се смеам. Во иднина ќе мора сопругата да ме снима“, изјави Бреме.

 

Се вчитува...