Денвер го победи Феникс со 125-100 во шестиот натпревар од полуфиналето во Западната конференција и со 4-2 во серијата си обезбеди конференциско финале. И повторно, секако, на крилјата на брилјантниот Никола Јокиќ.
Денвер со фантастично прво полувреме го реши прашањето на победникот, стекнувајќи предност од 44-26 уште во првата четвртина, а на полувремето веќе беше 81-51.
Јокиќ запиша уште еден „трипл-дабл“, завршувајќи со 32 поени, 10 асистенции и 12 скока. Серијата против Феникс ја заврши со 34,5 поени, 13,2 скока и 10,3 асистенции во просек што е нешто неверојатно. Само тројца кошаркари во историјата одиграле серија со „трипл-дабл“, а да постигнале повеќе од 30 поени во неа. Покрај Јокиќ, уште и Расел Вестбрук во 2017 година и Леброн Џејмс истата година.
Никола Јокиќ е и петтиот играч во историјата со 11 „трипл-дабл“-ефекти во натпреварите од доигрувањето.
Сосема е јасно дека неправедно му беше „украдена“ титулата МВП на сезоната, па се чини како со таа одлука дополнително да го мотивираа српскиот кошаркар кој ја покажа својата вредност.
Денвер во финалето на Западот ќе игра против подобриот од серијата во која ЛА Лејкерс со 3-2 водат против Голден стејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

