„Му нудев 10 милиони евра на Мициќ да дојде во Партизан…“

Остоја Мијаиловиќ се уште е „непријател број 1“ на сите навивачи на Партизан кои го обвинуваат претседателот на клубот за заминувањето на легендарниот Жељко Обрадовиќ.

Сепак, првиот човек на „црно-белите“ одбива да преземе одговорност за слабите резултати сезонава, тврдејќи дека вината за кризата треба да се бара на друго место. Мијаиловиќ во последното гостување на српските медиуми говореше на најразлични теми, меѓу другото и зошто Партизан нема повеќе српски кошаркари во своите редови, притоа обелоденувајќи и дека летово испратил мегапонуда за ангжаман на Василије Мициќ.

„Сакав да го доведам Мициќ во Партизан, тоа беше мојата желба. Му понудив 10 милиони евра за три сезони, но сите знаете како заврши таа приказна“, изјави Мијаиловиќ.

Српскиот репрезентативец беше најпосакуван играч на евролигашкиот пазар минатото лето, за неговите услуги се интересираа и Олимпијакос, Фенербахче и Црвена Звезда, но Мициќ на крајот потпиша тригодишен договор со Хапоел Тел Авив за плата од шест милиони евра по сезона, со што е најплатен кошаркар во Евролигата.

Се вчитува...