„Му понудивме на Меси 1,4 милијарди евра, тој ги одби без да трепне“

Лионел Меси минатото лето беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност, кога стана јасно дека аргентинскиот генијалец нема да потпише нов договор со ПСЖ и повторно ќе ги менува клупските бои.

Се шпекулираше за камбек во Барселона, постоеше сериозен интерес од американската МЛС-лига, но добро познато беше дека најбогатата понуда од финансиски аспект пристигна од Саудиска Арабија. Првиот човек на шампионот Ал Хилан, Анмар Ал Хаили, обелодени дека на Аргентинецот му биле понудени неверојатни 1,4 милијарди евра да потпише за овој клуб, понуда што Меси без размислување ја одбил.

„Го контактиравме Меси кога беше на истекот од договорот со Париз. Му дадовме и официјална понуда која изнесуваше 1,4 милијарди евра, а тој ја одби без да трепне. Веднаш објасни, сакаше со семејството да се пресели во САД, за нас беше чудно некој да одбие толку многу пари, но ја почитувавме неговата одлука бидејќи семејството секако е поважно од парите“, изјави Ал Хаили.

Се останато е добро познато, Лео потоа потпиша за Интер Мајами, клуб за кој настапува и оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...