Му порача на Меси да се моли на Бог да не го најде, а сега се извини…

Мексиканскиот боксер Саул Алварез револтиран од тоа што Аргентинецот го имаше фрлено дресот на Мексико на земјата по меѓусебниот натпревар во второто коло од групната фаза на Светското првенство во Катар му порача на еден од најдобрите фудбалери во историјата да се моли никогаш да не се сретнат.

Но, по стивнување на емоциите тој се одлучи да го промени ставот и сега им се извини на Меси и Аргентинците велејќи дека направил грешка и од истата добил поука.

„Последните неколку дена ме обзема страстта и љубовта кон мојата татковина и напишав некои коментари кои не беа во ред. Поради нив им се извинувам на Меси и Аргентинците. Секој ден учиме нешто ново, сега е мој ред“, напиша Алварез на социјалните медиуми.

Се вчитува...