Му пропадна трансферот во Барселона поради марихуана, сега е жебла на Реал Мадрид

Желбата на тренерот Чус Матео да доведе нов кошаркар на местото на Гершон Јабуселе кој замина од Реал Мадрид и се пресели во НБА лигата е пред реализација откако мадридскиот клуб ја најде адекватната замена за Франзуцинот.

Тоа е Дилан Осетковски, американскиот кошаркар со германско потекло кој може да ги покрие позициите четири и пет, игра добро во рекетот, но и познат по добрата реализација за три поени и е добро привикнат на европската кошарка бидејќи веќе броеше настапи за Улм, Асвел и Уникаха.

Интересно, Осетковски беше желба и на Барселона, а воедно беше и блиску до потпис со каталонскиот тим пред да се појават информации дека може да добие суспензија поради позитивен тест на марихуана.

По информацијата која се појави во српските медиуми му пропадна трансферот, а сега клучно за ангажман во Реал Мадрид ќе биде фактот дали ќе добие суспензија за користење на недозволени средства, нешто што треба да биде познато во следните денови.

Се вчитува...